• четврток, 26 декември 2024

Бајден пристигна во Пном Пен на самитот на АСЕАН

Бајден пристигна во Пном Пен на самитот на АСЕАН
Пном Пен, 12 ноември 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска пристигна во Камбоџа, каде ќе учествува на самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН). Бајден дојде во Пном Пен од египетското одморалиште Шарм ел Шеик, каде што вчера зборуваше на меѓународната климатска конференција под покровителство на Обединетите нации. Тој ќе остане помалку од 48 часа во главниот град на Камбоџа, каде што ќе разговара и со јапонскиот премиер Фумио Кишида и со јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, пред да отпатува на индонезискиот остров Бали на самитот на Г-20 во вторник и среда. - Во Пном Пен, американскиот претседател ќе го повика својот кинески колега Си Џинпинг да ги совлада „најлошите тенденции“ на Северна Кореја и да предупреди дека развојот на оружјето од страна на Пјонгјанг ќе доведе до зголемено американско воено присуство во Азија, изјави американскиот советник за национална безбедност  Џек Саливан. паг/    

Остани поврзан