• сабота, 28 декември 2024

Бајден: Претседателот на Нигер веднаш да биде пуштен на слобода

Бајден: Претседателот на Нигер веднаш да биде пуштен на слобода

Вашингтон, 3 август 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска ги повика пучистите во Нигер да го ослободат соборениот претседател Мохамед Базум и неговото семејство. 

„Повикувам на итно ослободување на претседателот Базум и неговото семејство и за зачувување на тешко стекнатата демократија во Нигер“, се наведува во изјавата на Бајден објавена на веб-страницата на Белата куќа. 

Американскиот претседател додаде дека одбраната на основните демократски вредности, застапувањето за уставниот поредок, правдата и правото на мирно собирање се од суштинско значење за партнерството меѓу САД и Нигер. 

„Оваа година, додека земјата ја одбележува 63-годишнината од својата независност, Нигер се соочува со сериозен предизвик за нејзината демократија. Во овој критичен момент, САД стојат покрај народот на Нигер во чест на нашето повеќедецениско партнерство вкоренето во заедничката демократска вредности и поддршка за граѓанското управување“, изјави Бајден. 

Американскиот претседател посочи дека народот на Нигер има право да ги избере своите лидери и дека својата волја ја изрази на „слободни и фер избори и тоа мора да се почитува“. 

Воените офицери на Нигер минатата недела го прогласија шефот на претседателската гарда Абдураман Тијани за нов шеф на државата, додавајќи дека го суспендирале Уставот и ги распуштиле сите поранешни институции, откако претходно го соборија и затворија претседателот Мохамед Базум во неговата палата. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан