• вторник, 19 ноември 2024

Бајден повика на одржување на посветеноста кон НАТО

Бајден повика на одржување на посветеноста кон НАТО

Вашингтон, 4 април 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден повика денеска да се одржи „светата посветеност“ на неговата земја кон НАТО, во сенка на постојаните критики на неговиот републикански ривал Доналд Трамп на сметка на трансатлантската одбранбена алијанса.

„Мораме да запомниме дека е света обврска кон нашите сојузници да ја браниме секоја педа од територијата на НАТО, а со тоа да ја зајакнеме сопствената безбедност“, рече Бајден по повод 75-годишнината од основањето на НАТО.

НАТО е „најголемиот воен сојуз што некогаш постоел“, рече 81-годишниот демократ, кој во ноември ќе се кандидира за нов претседателски мандат. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан