Бајден отпишува студентски долг за уште 277.000 Американци
- Претседателот на САД, Џо Бајден денеска објави дека студентскиот долг ќе биде отпишан на уште 277.000 Американци, со што вкупната вредност на студентскиот долг отпишан од сегашната администрација ќе достигне 153 милијарди долари
Вашингтон, 12 април 2024 (МИА) – Претседателот на САД, Џо Бајден денеска објави дека студентскиот долг ќе биде отпишан на уште 277.000 Американци, со што вкупната вредност на студентскиот долг отпишан од сегашната администрација ќе достигне 153 милијарди долари.
Како што соопшти Белата куќа, Бајден досега им го отпишал долгот на околу 4,3 милиони граѓани на САД.
Последната рунда на отпишување на долговите уследи откако претседателот Бајден објави нови планови кои, доколку се спроведат, ќе биде отпишаан студентскиот долг на повеќе од 30 милиони Американци, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Поради политиката за отпис на студентски долгови, 18 сојузни држави ја тужеа Белата куќа, посочувајќи дека планот на Бајден ќе ги чини американските даночни обврзници 475 милијарди долари. Меѓу државите кои се приклучија на тужбата беа Мисури, Арканзас, Флорида, Џорџија, Охајо, Оклахома и Северна Дакота.
Уставот на САД јасно кажува дека претседателот нема овластување еднострано да го отпише долгот за студентски заем на милиони Американци без изречна дозвола од Конгресот, изјави државниот обвинител на Мисури, Ендрју Бејли. ми/
фото:ЕПА