• вторник, 24 декември 2024

Бајден од суеверие не сака да прогнозира за изборната трка (ДПЛ)

Бајден од суеверие не сака да прогнозира за изборната трка (ДПЛ)
Вашингтон, 3 ноември 2020 (МИА) - Кандидатот на Демократската партија за претседател на САД Џо Бајден, денеска изјави дека нема да дава предвидувања за исходот од изборите додека не истече последниот час од гласањето. Бајден (77) пред новинарите во Делавер изјави дека е „суеверен“, но дека „се надева“ затоа што слушнал од неговите соработници дека има „огромна излезност“ на помлади гласачи, жени и постари афроамериканци во Џорџија и Флорида. Тој рече дека тоа е „добар знак од базата што ме поддржува - но ќе видиме“, и додаде: „Толку е неизвесно“ во голем број сојузни држави. Бајден се воздржа од коментари за изборната вечер, дури и ако претседателот Доналд Трамп го надмине по бројот на гласови: „Ако има нешто да се каже вечерва, ќе кажам, а ако не е, ќе чекам додека не се пребројат гласовите утре“. Во последните часови од изборната кампања, Бајден беше во неговиот роден град, Скрантон, Пенсилванија и во Филаделфија. ссм/

Остани поврзан