• среда, 25 декември 2024

Бајден одобри испорака на противпешадиски мини на Украина, целта е да се запре рускиот пробив

Бајден одобри испорака на противпешадиски мини на Украина, целта е да се запре рускиот пробив

Вашингтон, 20 ноември 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден одобри испорака на противпешадиски мини за Украина, потег што може да помогне да се забави рускиот напредок на нејзиниот исток, особено кога се користи заедно со друга муниција од САД.

Соединетите Американски Држави очекуваат Украина да користи мини на своја територија, иако вети дека нема да ги користи во областите населени со свои цивили, изјави американски официјален претставник.

САД ја снабдуваа Украина со противтенковски мини во текот на војната со Русија, но додавањето на противпешадиски мини има за цел да го забави напредувањето на руските копнени трупи, додаде официјалниот претставник. Американските мини се разликуваат од руските бидејќи се „непостојани“ и стануваат инертни по однапред одреден период.

За детонација им е потребна батерија и нема да експлодираат откако таа ќе се испразни. Украина вчера употреби американски ракети ATACMS за напад на руска територија, искористувајќи ја новата дозвола од администрацијата на Бајден на 1.000-тиот ден од војната.

Москва соопшти дека употребата на ATACMS, ракетата со најдолг дострел што Вашингтон досега и ја испорача на Украина, е јасен сигнал дека Западот сака да го ескалира конфликтот. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан