• среда, 25 декември 2024

Бајден објави санкции за две големи руски банки, елитата и роднините, за рускиот државен долг

Бајден објави санкции за две големи руски банки, елитата и роднините, за рускиот државен долг
Вашингтон, 22 февруари 2022 (МИА) - САД објавија целосно нови санкции координирани со западните сојузници насочени против руската елита, семејствата на олигарсите, две големи банки и блокада на финансиските пазари на САД и Европа за рускиот државен долг, изјави денеска претседателот на САД Џо Бајден. Според него, двете банки се ВЕБ и „воена банка“. Американскиот претседател рече дека Путин „бизарно прогласи“ две украински области Доњецк и Луганск за независни и веднаш потоа нареди руските сили да се распоредат во тие региони. - Едноставно кажано, Русија штотуку објави дека отцепува голем дел од Украина. Сметам дека Путин дава логичко објаснување да присвои повеќе територија со сила … Ова е почеток на руска инвазија на Украина, како што тој порача, и побара дозвола за тоа од думата. Бајден изјави дека санкциите се многу повеќе од оние што беа усвоени во 2014 година кога Русија го окупираше Крим. САД и сојузниците се подготвени да одат понатаму ако Путин продолжи со својата инвазија. -Кој му дава право на Путин да прогласува нови таканаречени земји на територија што припаѓа на негов сосед. Ова е еклатантно кршење на меѓународните закони и побарува цврст одговор од меѓународната заедница. кб/

Остани поврзан