Бајден објави дека е ослободено од Хамас американско четиригоришно девојче
Вашингтон, 26 ноември 2023 (МИА) - Четиригодишното американско девојче е безбедно во Израел откако беше ослободено во неделата од заробеништво во Газа, рече американскиот претседател Џо Бајден, барајќи да се продолжи паузата во борбите Израел-Хамас за да се овозможи повеќе ослободување заложници.
„Таа е слободна и сега е во Израел“, рече Бајден.
„Таа помина низ страшна траума“, рече Бајден за Абигејл, чии родители беа убиени од милитантите на Хамас кога членовите на исламистичката група го нападнаа Израел на 7 октомври. Во петокот во заробеништво, таа го одбележа четвртиот роденден, рече претседателот.
„Таа сега е безбедно во Израел, а ние продолжуваме да притискаме и очекуваме да бидат ослободени и дополнителен број Американци. И нема да престанеме да работиме додека секој заложник не им биде вратен на нивните најблиски“.
Белата куќа соопшти дека 10 Американци - седум мажи, две жени и Абигејл - биле исчезнати и се претпоставува дека се држени како заложници од Хамас. зш/