• среда, 25 декември 2024

Бајден: Нема ништо што укажува дека балонот е шпионски, но нема да се извинам никому

Бајден: Нема ништо што укажува дека балонот е шпионски, но нема да се извинам никому

Вашингтон, 16 февруари 2023 (МИА) -  Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека американската војска ќе   собори секој иден летечки објект што ја загрозува безбедноста на САД и додаде дека нема да се извини никому за тоа.

Во своето прво обраќање за наводниот кинески шпионски балон и неидентификувани објекти соборени над Северна Америка, Бајден рече дека се уште не е позната точната цел на балоните, но дека „во моментов нема индикации дека тие се дел од кинеската шпионска програма“, ниту дека извидувачките објекти се од која било друга земја.

„Не се сомневајте, доколку некој објект претставува закана за безбедноста на американскиот народ, ќе биде соборен“, рече Бајден и доадде дека очекува да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг.

„Не започнуваме нова студена војна, но нема да се извинувам. Ќе продолжиме да се натпреваруваме (со Кина) и ќе бидеме одговорни за конкуренцијата да не се претвори во конфликт“, објасни Бајден. зш/

Остани поврзан