• сабота, 16 ноември 2024

Бајден најави нов пакет американска помош за Украина од 225 милиони долари

Бајден најави нов пакет американска помош за Украина од 225 милиони долари

Вашингтон, 11 јули 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска за време на средбата со претседателот на Украина Володимир Зеленски најави нов пакет американска помош за Украина од 225 милиони долари, соопшти Стејт департментот.

Овој пакет вклучува ракетен систем Патриот, муниција за националните напредни ракетни системи земја-воздух, противвоздушни ракети „Стингер“, муниција за ракетни системи со висока подвижност, артилериски куршуми од 155 мм и 105 мм, ракети и опрема со цевно лансирање, противоклопни системи „Џавелин“ и AT-4, муниција за мало вооружување и друга опрема.

Ова е осми безбедносен пакет помош за Украина, соопшти Стејт департментот. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан