• сабота, 16 ноември 2024

Бајден најави нова воена помош од 700 милиони долари за Украина

Бајден најави нова воена помош од 700 милиони долари за Украина
Вашингтон, 1 јуни 2022 (МИА) -  Американскиот претседател Џо Бајден денеска објави нов пакет воена помош од 700 милиони долари за Украина, што вклучува мобилни ракетни системи со дострел до 80 километри. „САД ќе застанат покрај своите украински партнери и ќе продолжат да и даваат на Украина оружје и опрема за да се брани“, рече Бајден. Тој објави план за испраќање прецизни ракетни системи HIMARS во Украина, откако доби гаранции од Киев дека нема да ги користи за цели на руска територија. Бајден го додаде тој услов за да се спречи ескалација на војната во Украина. зш/

Остани поврзан