• понеделник, 23 декември 2024

Бајден најави договор со Канада за борба против илегалната имиграција

Бајден најави договор со Канада за борба против илегалната имиграција

Отава, 24 март 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска соопшти дека склучил договор со Канада за борба против илегалната миграција.

Во говорот пред канадскиот парламент, Бајден ја поздрави посветеноста на северниот сосед на САД да прифати 15 илјади мигранти од американскиот континент.

Американскиот претседател Џо Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо постигнаа договор со цел да ги спречат барателите на азил да ја преминат канадско-американската граница преку неофицијални контролни пунктови.

Бајден е во посета на Канада, каде со Трудо имаше разговори за миграцијата, за влошената безбедносна и хуманитарна ситуација на Хаити, војната во Украина, трговијата и борбата против климатските промени. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан