• среда, 25 декември 2024

Бајден назначи директорка на Националните институти за здравство 

Бајден назначи директорка на Националните институти за здравство 

Вашингтон, 15 мај 2023 (МИА) Претседателот на САД, Џо Бајден денеска на позицијата раководител на Националните институти за здравство на САД  - НИХ (National Institutes of Health) ја постави специјалистката по хирургија Моника Бертањоли. Таа функција беше испразнета повеќе од една година.

Докторката Бертањоли треба да биде потврдена од Сенатот на САД, и со тоа ќе стане втората жена раководител на една од најважните организации на здравството во САД. 

Според Бајден таа е „лекар и научник од светско реноме“, се вели во изјавата од Белата куќа. 

-Пионер на научни откритија што ги раширија границите на навозможното за подобрување на профилактиката и лекувањето на ракот и постигање пристап на пациентите до квалитетно лекување во секое општество. 

Претходно таа го раководеше со Националниот институт за онкологија на САД, каде стана првата жена раководител на овој институт. 

Според Њујорк тајмс Бертањоли самата боледувала од рак, кога во 2022 година кај неа бил дијагностициран канцер на градите. кб/ссм/

Остани поврзан