• сабота, 23 ноември 2024

Бајден: Мостот во Балтимор ќе биде поправен со федерални средства

Бајден: Мостот во Балтимор ќе биде поправен со федерални средства

Вашингтон, 26 март 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Белата куќа се обрати по повод несреќата со уривањето на мостот во Балтимор и изрази надеж дека потрагата по исчезнатите лица ќе даде резултати.

Федералните и државните власти, како Националниот борд за безбедност во транспорот, продолжуваат со истрагата околу оваа несреќа, како и со потрага и спасување на преживеаните, откако во студените води на заливот пропаднаа повеќе возила и луѓе.

-Мостот ќе биде повторно изграден со федерални средства, изјави Бајден, додавајќи дека „часовите кога се чека информација за најблиските настрадани се чинат посебно долги“.

Тој потврди дека акцијата за спасување продолжува. Бајден додаде дека често го поминувал мостот Френсис Скот Ки додека патувал меѓу Вашингтон и Делавер.

- Нема индикации дека станува збор за намерен чин. Операцијата за пребарување и спасување е наш главен приоритет. Заедно со нашите партнери во конгресот, ќе се обидеме да обезбедиме државата да ја добие потребната поддршка, потенцираше претседателот на САД.

- Мојата намера е федералната влада да ги плати сите трошоци за реконструкцијата на мостот. Очекувам Конгресот тоа да го поддржи. Ова ќе потрае некое време. Не заминуваме додека не се заврши работата, рече тој, додавајќи дека ќе дојде во Балтимор што е можно поскоро. кб/ссм/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан