• сабота, 23 ноември 2024

Бајден: Конгресот да си одлучи за импичмент за Трамп

Бајден: Конгресот да си одлучи за импичмент за Трамп
Вашингтон, 8 јануари 2021 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјави денесска дека Конгрсот треба сам да одлучи за евентуална процедура за импичмент на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп. Tој нагласи дека е фокусиран во моментот на вакцинирањето на Американците и на закрепнување на економијата. - Што ќе одлучи Конгресот е нивна одлука...Мојата функција почнува за 12 денови и со Божја волја, јас ќе бидам претседател на САД, изјави тој. Бајден додаде дека негов приоритет сега е подготовка на новата администрација и дека е фокусиран на три работи - спречување на ширењето на вирусот, вакцинирањето на населението во САД и економски раст. Според него, единствената работа со која се согласува со Трамп е дека е добро што нема да присуствува на инаугирацијата на 20 јануари. - Ми рекоа дека тој посочил дека нема да се појави на инаугурацијата. Една од ретките работи за кои јас и тој некогаш сме се согласиле. Добра работа е тој да не се појави, изјави Бајден. - Тој... ги надмина и моите најлоши поимања за него. Тој е срам за земјата, срам за целиот свет, недостоен да ја извршува таа функција...Сепак, потпретседателот Пенс е добредојден на 20 јануари. зш/

Остани поврзан