• среда, 25 декември 2024

Бајден и Џинпинг ќе се сретнат на 15 ноември

Бајден и Џинпинг ќе се сретнат на 15 ноември

Вашингтон, 12 ноември 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг ќе се сретнат идната недела, соопшти Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер рече дека средбата ќе се одржи на 15 ноември во Сан Франциско.

„Лидерите ќе разговараат за прашања од билатералните односи меѓу САД и Народна Република Кина, континуираната важност за одржување отворени линии на комуникација и низа регионални и глобални прашања“, рече Жан-Пјер.

Си ќе ги посети САД од 14 до 17 ноември за да присуствува на 30-тиот самит за Азиско-пацифичка економска соработка.

„Врз основа на последниот состанок во ноември 2022 година во Бали, Индонезија, лидерите ќе разговараат и за тоа како САД и Народна Република Кина можат да продолжат одговорно да управуваат со конкуренцијата и да работат заедно таму каде што нашите интереси се усогласени, посебно на транснационалните предизвици кои влијаат на меѓународната заедница“, изјави Жан-Пјер. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан