• среда, 18 декември 2024

Бајден и јапонскиот премиер Кишида разговараа за Кина

Бајден и јапонскиот премиер Кишида разговараа за Кина
Вашингтон, 21 јануари 2022 (МИА)  - За време на првиот официјален разговор, американскиот претседател Џозеф Бајден и јапонскиот премиер Фумио Кишида изразија загриженост поради зајакнувањето на кинеската воена сила, која според нив ги зголемува тензиите во Пацификот. Кишида рече дека двајцата лидери поминале „значително време разговарајќи за Кина“ во текот на 80-минутниот разговор, вклучително и загриженоста за „кинеската агресија врз Тајван“. Лидерите разговараа и за ситуацијата во Хонг Конг и кинеската провинција Ксинџијанг, а Бајден го прозва Пекинг за кршење на правата на демократските активисти во Хонг Конг и работните логори за Ујгурите и другите етнички малцинства во Ксинџијанг. Според Белата куќа, лидерите разговарале и за опциите за зајакнување на економските врски меѓу двете земји, а Бајден ја прифатил поканата на Кишида да ја посети Јапонија напролет. зш/

Остани поврзан