• сабота, 23 ноември 2024

Бајден и Харис ги претставија првите луѓе на новата администрација на САД (видео)

Бајден и Харис ги претставија првите луѓе на новата администрација на САД (видео)

Вашингтон, 24 ноември 2020 (МИА) Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, денеска ги претстави првите луѓе во новата администрација, којашто стапува во сила од 20 јануари 2021 година. 

- Овој тим ги отелотворува основните верувања дека Америка е најсилна кога работи со своите сојузици, порача Бајден.

Укажа дека Вашингтон по четири години пауза се враќа на меѓународната сцена со интензивна дипломатија и зацврстување на мултилатералата. 

За нов државен секретар на САД е номиниран Ентони Блинкен, поранешен заменик-државен секретар, заменик-советник за национална безбедност и советник за национална безбедност на потпретседателот на САД во администрациите на поранешниот претседател Барак Обама и неговиот потпретседател Бајден. Сите функции ги извршувал од 2009 до 2017 година. 

Алехандро Мајоркас е избран за секретар за домашна безбедност. Мајоркас е поранешен заменик-секратар за домашна безбедност (2013-2016), директор на Службата за државјанство и имиграција (2009-2013), како и партнер во правната фирма „Вилмерхејл“. Мајоркас има кубанско и еврејско потекло. 

Аврил Хејнс е избрана за директор на националното разузнавање на САД. Таа е поранешен заменик за национална безбедност во админстрацијата на Обама, и заменик-директор на ЦИА (2013-2015). Хејнс е првата жена во историјата на САД ставена на позиција да го води разузнавањето на земјата. 

Афроамериканката Линда Томас Гринфилд е номинирана за амбасадор на САД во ОН. Таа е поранешен заменик-секретар во Бирото за африкански работи и пензиниран дипломат со 35-годишно искуство. 

Џејк Суливан е избран за советник за национална безбедност на Бајден. Тој е поранешен постар советник и советник за национална безбедност на потпретседателот Бајден, како и заменик-шеф на кабинетот на експретседателот Бил Клинтон. 

Поранешниот државен секретар Џон Кери презема новооформена функција во админстрацијата – специјален амбасадор за климатските промени на претседателот на САД. Кери е поранешен државен секратар (2013-2017) и во неговиот мандат го потпиша Парискиот договор за климатски промени од кого САД излегоа со доаѓањето на претседателот Доналд Трамп на власт во 2017 година. Кери претседаваше со Комитетот за надворешни работо на американскиот Сенат (2009-2013).  

Неговата избрана потпретседателка, Камала Хари, порача дека „овие мажи и жени се патриоти и јавни службеници во својата срж, тие се лидери кои во овој момент најмногу ни требаат“. кб/ 

https://www.youtube.com/watch?v=PgH1TH-kPoU

Остани поврзан