• четврток, 26 декември 2024

Бајден и Трамп победија на првичните избори во четири држави

Бајден и Трамп победија на првичните избори во четири држави

Вашингтон, 3 април 2024 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден, и поранешниот претседател, Доналд Трамп, лесно победија на првичните избори на своите партии во Роуд Ајленд, Конектикат, Њујорк и Висконсин, добивајќи на контото дополнителни делегати од партиските конгреси.

Во сите четири држави во гласачките ливчиња беа ставени неколку кандидати, а во три од нив избирачите можеа да гласаат за „кандидат по своја воља“ или да штиклираат графа „не подржувам конкретен кандидат“.

Бајден се судри со отпор од активисти кои повикуваа демократите да гласат против него за да се изрази неодобрување на неговата политика во однос на војната на Израел со Хамас.

Вниманието на двајцата противкандидати одамне е свртено кон општите избори закажани за ноември, откако пред неколку недели поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли, излезе од републиканската трка.

По обраќањето до нацијата Бајден во март ги посети сите главни колебливи (свинг) држави. кб/сд/

Остани поврзан