• среда, 20 ноември 2024

Бајден и Столтенберг разговараа за Русија, Ирак и Авганистан

Бајден и Столтенберг разговараа за Русија, Ирак и Авганистан
Вашингтон, 26 јануари 2021 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска телефонски разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, при што се осврнаа на односите со Русија и Ирак, како и за ситуацијата во Авганистан, соопшти Белата куќа. - Претседателот Џо Бајден разговараше денеска со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Бајден му се заблагодари на Столтенберг за неговото кредибилно лидерство во Алијансата и ја објави својата намера да се консултира и да работи со сојузниците на НАТО за целиот спектар на заеднички безбедносни прашања, се вели во соопштението. Бајден ја потврди посветеноста на САД за колективна одбрана согласно членот 5 од Северноатлантскиот договор и за зајакнување на трансатлантската безбедност. - Претседателот на САД, исто така, ја потенцира важноста на споделените вредности, консултации и можности за зајакнување на ограничувањата и одговорот на новите закани, вклучувајќи ги климатските промени и глобалната здравствена безбедност, соопшти Белата куќа. Генералниот секретар на НАТО и американскиот претседател се согласија да работат заедно околу подготовката за самитот на Алијансата во 2021 година, соопшти прес-службата на НАТО. Столтенберг му честиташе на Бајден за стапувањето на претседателската функција, што според него е „јасна демонстрација на моќта на демократијата во САД“. Тој додаде дека доаѓањето на нов претседател на САД „отвора ново поглавје во историјата на трансатлантскиот сојуз“. гт/

Остани поврзан