• среда, 20 ноември 2024

Бајден: И понатаму останува простор за дипломатија

Бајден: И понатаму останува простор за дипломатија
Вашингтон, 18 февруари 2022 (МИА) - Американскиот претседателот Џо Бајден во вечерашното обраќање од Белата куќа истакна дека сега е убеден оти рускиот претседател Владимир Путин донел одлука за инвазија врз Украина, но нагласи дека останува простор за дипломатија. - Од овој момент, убеден сум дека тој ја донел одлуката, имаме причина да веруваме во тоа, потенцира Бајден. Тоа е забележителна промена на позицијата за претседателот на САД, кој претходно изјави дека не верува оти рускиот лидер ќе се одлучи за воен конфликт, јавија американските медиуми. Бајден изрази надеж дека дипломатијата може да ја деескалира ситуацијата. - Дипломатијата секогаш претставува можност, истакна вечерва американскиот претседател. Тој додаде дека Русија има намера да ја нападне Украина во следната недела или денови. – Русија се обидува да „постави лажно оправдување“ за војна против Украина, нагласи Бајден во своето обраќање од Белата куќа. Американскиот претседател Џо Бајден се осврна на низата дезинформации што Русија ги објавува. Бајден нагласи дека „видел извештаи за голем број прекршувањето на примирјето од страна на борци поддржани од Русија кои се обидуваат да ја испровоцираат Украина во Донбас“. – На пример, вчерашното гранатирање на украинска градинка, за кое Русија лажно тврдеше дека е извршено од Украина. Исто така, продолжуваме да гледаме дека се повеќе и повеќе дезинформации се пласираат во руската јавност, вклучително и сепаратистите поддржани од Русија, тврдејќи дека Украина планира да изврши масовен офанзивен напад во Донбас, изјави Бајден. – Видете, нема докази за тие тврдења, и тоа пркоси на основната логика да се верува дека Украинците би го избрале овој момент, со над 150.000 војници распоредени на нејзините граници, за да ескалира конфликт, додаде претседателот на САД. Тој изрази верување дека рускиот претседател Владимир Путин одлучил да ја нападне Украина. – Од овој момент, убеден сум дека тој ја донесе одлуката, рече Бајден во изјава од Белата куќа. гт/зш/

Остани поврзан