• недела, 24 ноември 2024

Бајден и Лапид одлучни да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје

Бајден и Лапид одлучни да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје
Ерусалим, 14 јули 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Јаир Лапид денеска ветија дека нема да дозволат Иран да се здобие со нуклеарно оружје, што е знак на единство меѓу сојузниците поделени со години околу дипломатијата со Иран. Ветувањето, содржано во „Ерусалимска декларација“ со која беше затворена првата посета на Бајден на Израел како претседател, уследи по неговата изјава на израелската телевизија дека е отворен за можноста за употреба на оружје против Иран „како последно средство“, очигледна отстапка за Израел кој бараше од светските сили „веродостојна воена закана“. Во изјавата денеска, објавена пред официјалното потпишување на декларацијата, повторно се потврдува поддршката на САД за правото на Израел „сам да се брани“. „САД нагласуваат дека дел од тоа ветување е одлучноста дека на Иран никогаш нема да му биде дозволено да добие нуклеарно оружје и дека е подготвен да ги искористи сите елементи на својата национална моќ за да го обезбеди тој исход“, се вели во соопштението. Во 2015 година, Иран потпиша меѓународен договор со кој се ограничуваат неговите нуклеарни проекти, кои имаат потенцијал за создавање бомби. Во 2018 година, тогашниот претседател Доналд Трамп се повлече од договорот, тврдејќи дека е погрешен, потег што Израел го поздрави. паг/      

Остани поврзан