• четврток, 26 декември 2024

Бајден иницира создавање нов национален меморијален споменик за домородните Американци  

Бајден иницира создавање нов национален меморијален споменик за домородните Американци  

Вашингтон, 8 август 2023 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе објави создавање на нов национален меморијален споменик во близина на Големиот кањон, посветен на американското домородно население. 

Новиот национален споменик ќе се нарекува Baaj Nwaavjo I'tah Kukveni Grand Canyon National Monument. 

Со овој чин се заштитува земјата што домородните народи ја сметаат за света и се поставува постојана забрана за ископување во оваа област на рудата ураниум. Се работи за повеќе од 405,000 хектари земја, јави Ен-пи-ар. 

Бајден треба да се обрати по овој повод на митинг во локален аеродром во Аризона, пред да го посети Големиот кањон. 

Активностите на Бајден се дел од планираното патување што ги вклучува Њу Мексико и Јута, каде тој ќе се обрати за успесите на неговата администрација во справување со климатските промени и економските предизвици со кои се соочуваат Американците од Западот. 

Домородното население и конзервативците од областа на Големиот кањон со години повикуваат за дополнителна заштита на нивната земја и култура. 

Деб Халанд, прв министер во владата на САД чие потекло е од домородните Американци, чинот на Бајден го нараче „историски“. 

-Ќе помогне во заштита на земјите што многу племиња ги сметаат за нивен вечен дом, места за исцелување и извор за духовна храна. Ќе помогне во сигурноста дека домородното население може да продолжи да ги користи овие области за религиозни церемонии, лов и собирање растенија, лекови и друг материјал, вклучувајќи такви што ги нема на ниту едно друго место на земјата. Ќе заштити објекти од историско и научно значење во корист на племињата, јавноста и за идните генерации, изјави Халанд. 

Според Домородната коалиција на Големиот Кањон, дел од називот на националниот споменик Baaj Nwaavjo значи „каде племињата скитаат“, другиот дел од називот I'tah Kukveni се преведува како „стапките на нашите предци“. кб/сд/   

Остани поврзан