• среда, 25 декември 2024

Бајден им вети на Американците во Авганистан дека ќе ги врати дома

Бајден им вети на Американците во Авганистан дека ќе ги врати дома
Вашингтон, 20 август 2021 (МИА)  - Американскиот претседател Џо Бајден денеска на прес -конференција во Вашингтон вети дека секој Американец ќе биде вратен дома од Авганистан. -Дозволете ми да бидам јасен: ние ќе го вратиме дома секој Американец што тоа го сака. Но, не можам да ветам дека ќе биде без ризик. Не можам да тврдам каков ќе биде исходот. Но, како врховен командант и како Американец можам да ветам дека ќе мобилизираме се што е потребно за секој Американец да се врати дома. Изразувам огромна благодарност до сите храбри мажи и жени на американската војска кои се на оваа мисија. Тие се неверојатни, рече аметиканскиот претседател . Тој ги повика сите Американци да се молат за сите оние Американци кои се во Авганистан. „Нашиот фокус е да го спасиме целиот наш народ и кога ќе ги извлечеме сите, ќе ја извадиме и нашата војска“. -Минатата недела беше срцепарателна, гледавме очајни луѓе во паника. Никој не може да остане имун на такви сцени ..., рече Бајден. Тој појасни дека секој ден разговара со командантите на кои јасно им кажува дека ќе им даде се што е потребно за да ја завршат својата работа по највисоки стандарди, иако ова се тешки околности. -Се договоривме со талибанците дека американските државјани можат да стигнат до аеродромот. Талибанците ги ослободуваат Американците кога ќе покажат документи. Друго прашање е што се случува кога ќе паднат во овој хаос. Се обидуваме да најдеме најдобар начин за полесно да поминат. Без разлика на околностите, имаме договор со талибанците  да ги пуштат сите со американски документи, тврди Бајден и додава дека „ние сме во постојан контакт со талибанците. На милитантната група која сега го контролира Авганистан и е кажано дека може да очекува силен одговор од американската војска доколку се случи напад. "Никој воопшто не го поставува прашањето за нашиот кредибилитет. Всушност, мислам дека е токму спротивното. Ние ја докажавме нашата веродостојност и одлучност во последните денови", додаде тој. Бајден беше прашан и за Авганистанецот кој работел за американската војска и кој побарал помош, а сега се крие некаде во Кабул. -Се надеваме дека ќе може да стигне до аеродромот и да се спаси заедно со неговите три деца и сопруга. Тоа е мојата порака до него, рече Бајден. Прашан дали ветува дека ќе ги спаси луѓето кои работеле за американската војска и не се американски државјани, американскиот претседател кажа дека тие имаат „обврска да ги спасиме сите што ни помогнаа сите овие години. Не само Американците, иако тие ни се најважни, но ние ќе им помогнеме на сите“.сд/

Остани поврзан