• сабота, 23 ноември 2024

Бајден заминува на посети во Азија

Бајден заминува на посети во Азија
Вашингтон, 19 мај 2022 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден денеска заминува во Азија, на своето прво патување таму откако е на функција. Бајден е уверен дека конфронтацијата со Русија, повторно го засили американското раководство, додека се внимава оти непријателските севернокорејски нуклеарни тестови би можеле да го раскинат оптимистичкото сценарио, пишуваат американски медиуми. Тој прво ќе ја посети Јужна Кореја, а потоа Јапонија в недела, за да одржи самити со лидерите на земјите. Во Токио, Бајден ќе присуствува и на регионалниот самит на Австралија, Индија, Јапонија, САД. Патувањето се наведува како доказ дека САД дополнително ги градат неодамнешните потези за да го зацврстат својот повеќегодишен ориентир кон Азија, каде растечката кинеска комерцијална и воена моќ, сè повеќе го враќа назад децениското американско лидерство. Советникот за национална безбедност, Џејк Саливан ја отфрли идејата дека војната во Украина го зема вниманието на Бајден од таа мисија. бд/

Остани поврзан