• четврток, 26 декември 2024

Бајден два дена бил испрашуван за доверливите документи пронајдени во неговиот дом во Делавер и канцеларијата во Вашингтон

Бајден два дена бил испрашуван за доверливите документи пронајдени во неговиот дом во Делавер и канцеларијата во Вашингтон

Вашингтон, 10 октомври 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден два дена бил интервјуиран во истрагата на специјалното обвинителство за неговото постапување со доверливите документи, соопшти доцна синоќа Белата куќа.

Тој доброволно се пријави на интервјуто, што почна во неделата, а заврши вчера, се наведува во соопштението од неговиот кабинет за печат.

Доверливите документи беа откриени во гаражата и една соба од домот на претседателот Бајден во Делавер.

Специјалниот обвинител Роберт Хур со месеци го истражува претседателот поради чувствителните записи откриени во домот и канцеларијата на Бајден во Делавер во Вашингтон.

Доверливите документи од времето на Бајден како потпретседател беа откриени во гаража и една соба од домот на претседателот во Вилмингтон, во сојузната држава Делавер. Владини документи беа пронајдени и минатата година во канцеларијата на Бајден во центарот „Пен Бајден“ во Вашингтон, наведе Белата куќа.

-Како што рековме од самиот почеток, претседателот и Белата куќа соработуваат со истражните органи. Ја информираме јавноста за сите новини, рече портпаролот на Белата куќа Иан Самс. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан