• среда, 27 ноември 2024

Бајден го потпиша законот за ТикТок

Бајден го потпиша законот за ТикТок

Вашингтон, 24 април 2024 (МИА) – Претседателот на САД, Џо Бајден го потпиша неодамна усвоениот закон од Конгресот, со кој се бара од компанијата „БајтДенс“ (ByteDance) со седиште во Кина, да го продаде ТикТок или ќе се соочи со забрана на американскиот пазар.

Продажбата мора да се случи во рок од девет месеци или една година доколку Бајден се согласи да го искористи продолжувањето од 90 дена. ТикТок најави дека ќе се бори против мерката.

Загриженоста поради потенцијалниот ризик за националната безбедност е во фактот што кинеските закони и дозволуваат на Владата да бара податоци од компаниите, што може да доведе до загрозување на приватноста на американските корисници.

Иако ТикТок тврди дека податоците на американските корисници не се наоѓаат во Кина, туку во Сингапур, постојат стравувања дека кинеската Влада би можела да манипулира со платформата. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан