• среда, 25 декември 2024

Бајден го потпиша законот за поттикнување производство на чипови во САД

Бајден го потпиша законот за поттикнување производство на чипови во САД
Вашингтон, 9 август 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот вреден 280 милијарди долари за поттикнување домашно производство на висока технологија, што е дел од напорите на неговата администрација да ја зголеми конкурентноста на САД во однос на Кина. Законот е клучен дел од економската агенда на Бајден да поттикне инвестиции во американската индустрија за полупроводници, со цел да ја намали зависноста на САД од технолошко снабдување од Кина. - Иднината на индустријата за чипови ќе биде направена во Америка, изјави денеска Бајден на свечената церемонија. Со законот издвоени се 52 милијарди долари за зајакнување на секторот за компјутерски чипови во САД. Нацрт-законот беше во изработка повеќе од една година, а потоа  помина во двата дома на Конгресот на крајот од минатиот месец. Белата куќа денеска спомна дека „Микрон“ (Micron), водечкиот американски производител на чипови, ќе објави план од 38 милијарди долари за зголемување на домашното производство на мемориски чипови. Најавено е и дека „Кјуалком“ (Qualcomm) и „ГлобалФаундрајс“ (GlobalFoundries) ќе го претстават проширувањето на фабриката за чипови во Њујорк. Администрацијата исто така повеќепати го прикажуваше овој закон како важна компонента во спротивставување на влијанието на Кина и обезбедувањето дека САД можат да одржат конкурентска предност во однос на Пекинг, особено во производство на полупроводници. бд/ми/

Остани поврзан