• недела, 06 октомври 2024

Бајден го поздравува изборот на Тим Валц за кандидат за потпретседател на Камала Харис

Бајден го поздравува изборот на Тим Валц за кандидат за потпретседател на Камала Харис

Вашингтон, 6 август 2024 (МИА) - Камала Харис донесе одлична одлука избирајќи го гувернерот на сојузната држава Минесота, Тим Валц, за свој потпретседателски кандидат, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден.

Кон средината на минатиот месец Бајден се повлече од трката за претседателските избори во ноември во корист на неговата потпретседателка Харис.

-Претседателскиот пар Харис - Валц „ќе биде силен глас за работниците и за американската средна класа. Тие ќе бидат најжестоките бранители на нашите индивидуални слободи и нашата демократија, рече Бајден на социјалната мрежа „Х“. мс/

фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан