• среда, 25 декември 2024

Бајден го повика Претставничкиот дом да го усвои законот за Украина

Бајден го повика Претставничкиот дом да го усвои законот за Украина

Вашингтон, 13 февруари 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден повика Претставничкиот дом да го одобри долго одложуваното финансирање за воените напори на Украина против Русија, откако Сенатот го усвои законот за странска помош.

-Го повикувам Претставничкиот дом да продолжи со ова итно, нагласи Бајден во изјавата и покрај очекувањата дека Сенатот предводен од републиканците ќе го отфрли предлог-законот.

Доколку не застанеме против тираните кои се обидуваат да ја освојат или отсечат територијата на нивните соседи, последиците за националната безбедност на САД ќе бидат значителни, наведе Бајден.

Американскиот Сенат го усвои нацрт-законот за пакет помош од 95,3 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван и покрај повеќемесечното противење на Републиканската партија за испраќање помош во Киев.

За да стапи на сила предлог-законот мора да го усвои и претставничкиот дом, но поддршката таму е неизвесна. Во претставничкиот дом републиканците имаат тесно мнозинство, каде пратеници од републиканската партија од нивното десно крило одбиваат да поддржат помош за Украина.

САД се сметаат за најважен сојузник на Киев во борбата против руската инвазија. Од почетокот на војната во февруари 2022 година, американската влада и даде или и вети помош на Украина во вкупна вредност од повеќе од 44 милијарди американски долари.

На крајот на декември американското Министерство за одбрана го објави најновиот пакет воена помош. Оттогаш, Украина чека нови финансиски ветувања и оружје од САД. Во овој пакет помош поддржан од Сенатот, за Украина се предвидени 60 милијарди долари, главно за воена поддршка.

Американскиот претседател Џо Бајден уште во октомври побара од Конгресот да одобри пакет помош во износ од повеќе од сто милијарди долари, наменет за Украина, Израел, Индо-Пацификот и за обезбедување на границите на САД. Републиканците го блокираа законот со месеци, тврдејќи дека САД не можат да продолжат да трошат толку многу пари за да и помогнат на Украина да ги брани своите граници додека американската граница се соочува со криза поради илегалната имиграција. Заштитата на американските граници на крајот не влезе во tој предлог-закон.

Поранешниот претседател Доналд Трамп се изјасни против пакетот помош. мс/

фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан