• недела, 22 декември 2024

Бајден го повика Конгресот да „дејствува без натамошно одлагање“ по масовното бомбардирање во Украина

Бајден го повика Конгресот да „дејствува без натамошно одлагање“ по масовното бомбардирање во Украина

Вашингтон, 29 декември 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска го повика американскиот Конгрес да „дејствува без натамошно одлагање“ по „големите бомбардирања“ во Украина, во време кога конгресмените на Капитол Хил не можат да се договорат за голем пакет помош за Киев.

-Доколку Конгресот не преземе итни мерки во новата година, нема да можеме да продолжиме да испраќаме оружје и системи за противвоздушна одбрана што ѝ се потребни на Украина за да го заштити својот народ, предупреди Бајден, пренесе БТА. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан