• вторник, 24 декември 2024

Бајден ги повика жителите на Флорида да се евакуираат

Бајден ги повика жителите на Флорида да се евакуираат

 
Вашингтон, 9 октомври 2024 (МИА) Претседателот на САД Џо Бајден се обрати денеска до жителите на крајбрежните области на Флорида, каде живеат повеќе милиони луѓе, веднаш да се евакуираат со приближувањето на ураганот Милтон.
-Ако ви е наредено да се евакуирате, треба веднаш да го направите тоа… сега, сега, сега. Веќе требаше да се евакуирате. Ова е прашање на живот и смрт, и не е претерување, истакна Бајден денеска на брифинг за новинарите.

Милтон пристига од Мексиканскиот залив кон западниот брег на Флорида. Жителите моментално имаат само неколку часа да се евакуираат или да се засолнат на безбедно место. До доцна вечерва ураганот се очекува да донесе опасен по живот прилив од бранови, силни ветрови и дождови во регионот кој пред две недели веќе беше погоден од ураганот Хелен.
Милиони луѓе долж крајбрежјето долго повеќе од 300 милји (483 км) добија наредба за евакуација, а денеска наутро како ураганот се приближува, властите издава се посериозни предупредувања.
Началничката на службата за итни случаи во округот Сарасота, Сандра Тапфуманеи, изјави за Си-Ен-Ен дека прогнозираниот прилив на морска вода во висина од 10 до 15 стапки и тоа претставува закана по животот на луѓето кои останаа на бариерните острови јужно од Тампа.
Ураганот Милтон се приближува кон регионот Тампа Беј, каде што живеат повеќе од три милиони луѓе. Неговата траекторија може да се промени, велат метеоролозите.
Во осум часот наутро центарот на бурата беше на 250 милји (405 км) југозападно од Тампа. Во средата наутро интензитетот на бурата се намали на четврта категорија, но стана „исклучително опасен ураган“ со максимални постојани ветрови од 155 милји на час (249 км/ч), соопшти Националниот центар за следење на урагани.
Милтон се очекува да ја задржи ураганската сила додека го минува полуостровот Флорида создавајќи опасност од приливи од бранови и на атлантскиот, источниот брег на државата.
Иако брзината на ветровите може дополнително да се намали, големината на ураганот се зголемува, создавајќи закана за крајбрежните области.
Претседателот Џо Бајден синоќа разговарал со началниците на округите Клирвотер и Пинелас, соопштија денеска од Белата куќа. На пладне денеска Бајден и потпретседателката Камала Харис беа информирани за бурата, по што претседателот се обрати пред медиумите.
-Му наредив на овој тим да направат се што е можно за да ги спасат животите на луѓето и нашите заедници, да им помогнат на нашите заедници пред, за време и по овие екстремни временски настани... и тоа веќе се прави, изјави Бајден. -Разговарав со сите политички лидери во регионот, со некои од нив – повеќе од еднаш. Им реков дека ќе добијат сѐ што побараат, вети тој. кб/
фото ЕПА
 

Остани поврзан