• четврток, 26 декември 2024

Бајден ги отфрли обвинувањата за сексуално злоставување

Бајден ги отфрли обвинувањата за сексуално злоставување
Вашингтон 1 мај 2020 (МИА) - Најверојатниот демократски кандидат за претседател на САД, поранешниот потпретседател Џо Бајден, ги отфрли обвинувањата за сексуално злоставување, откако дел од американската јавност побара од него одговорност. - Тоа никогаш не се случило, изјави Бајден во првото соопштение на ова тема откако Американката Тара Рид, која работела во канцеларијата на сенаторот Бајден од 1992 до 1993 година, го обвини дека во 1993 година тој извршил сексуален напад врз неа. - Жените имаат право да бидат слушнати, но на крај треба да се види вистината. Нема никакви докази. Треба да се отворат архивите во Сенатот и да се види дали имало ваква пријава. Но такви документи едноставно не постојат, изјави Бајден денеска во интервју за Ем-Ес-Ен-Би-Си. Демократите сметаат дека Рид е најверојатно потплатена од сегашниот шеф на државата Доналд Трамп, против кого Бајден најверојатно ќе се бори на изборите годинава, со цел да го обвини Бајден за нешто што најверојатно не се случило и не постојат никакви вербални или документирани сведоци и докази. - Зошто токму сега, зошто се чекале 27 години за да се покрене обвинение. Бајден беше потпретседател осум години. Трамп имаше многу обвинувања за сексуален напад врз жени, кога тој се номинираше и не одговори за тоа, велат поддржувачите на Бајден. кб/гт/

Остани поврзан