• вторник, 24 декември 2024

Бајден в понеделник ќе го одржи главниот говор на демократската конвенција во Чикаго

Бајден в понеделник ќе го одржи главниот говор на демократската конвенција во Чикаго

Вашингтон, 17 август 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе го одржи главниот говор на демократската национална конвенција во Чикаго в понеделник, кога симболично ќе го предаде раководството на партијата на потпретседателката и демократска претседателска кандидатка Камала Харис.

Во својот говор, Бајден ќе инсистира дека доколку поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп се врати во Белата куќа, тоа ќе претставува закана за демократијата во САД, изјавија соработниците на Бајден, пренесоа американските медиуми.

Помошниците рекоа дека говорниците на конвенцијата се очекува да ги истакнат достигнувањата на Бајден за време на неговото претседателствување, вклучително и мерките спроведени за време на пандемијата на корона, до големите инфраструктурни инвестиции и реформите во здравствената заштита.

Најавено е дека првата дама на САД, Џил Бајден и други членови на семејството Бајден ќе бидат присутни на демократската национална конвенција во Чикаго.

Бајден се повлече од кампањата за реизбор на 21 јули по притисокот од Демократската партија да го стори тоа, кога ја поддржа Харис да биде демократски кандидат за претседател. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан