• четврток, 26 декември 2024

Бајден во понеделник ќе го прими кралот на Јордан

Бајден во понеделник ќе го прими кралот на Јордан

Вашингтон, 8 февруари 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден во понеделник на 12 февруари ќе го прими јорданскиот крал Абдула Втори, соопшти денеска Белата куќа.

Главна тема на нивните разговори ќе биде војната во Појасот Газа меѓу Израел и исламистичкото движење Хамас.

„Двајцата ќе разговараат за актуелната ситуација на крајбрежната палестинска територија и напорите за трајно решавање на кризата“, се вели во соопштението.

Белата куќа посочи дека средбата ќе даде можност да се разговара за „американските напори за поддршка на палестинскиот народ“, како и за „идејата за траен мир преку решение со две држави (на израелско-палестинскиот конфликт), гарантирајќи ја безбедноста на Израел“.

Двајцата лидери ќе бидат придружувани од нивните сопруги - првата дама на САД, Џил Бајден и јорданската кралица Ранија. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан