• сабота, 23 ноември 2024

Бајден: Воената мисија на САД во Авганистан ќе заврши на 31 август

Бајден: Воената мисија на САД во Авганистан ќе заврши на 31 август
Вашингтон, 8 јули 2021 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека воената мисија на неговата земја во Авганистан ќе заврши „брзо и безбедно“ до 31 август. „-Не отидовме во Авганистан за да градиме нација, рече тој во говорот за напорите на неговата администрација за ставање крај на американската војна во Авганистан, додавајќи дека „авганистанските лидери треба заедно да одат кон иднината“. Бајден ја потврди сопствената одлука да ги прекине воените операции на САД во Авганистан, и покрај успехот на талибанците во преземањето контрола над делови на авганистанската територија. Тој оцени дека авганистанската администрација ќе најде начин да го реши конфликтот во наредните денови, додавајќи дека овој конфликт е војна што е невозможно да се победи и оти „нема воено решение“ за него. јт/

Остани поврзан