• вторник, 24 декември 2024

Бајден: Америка се врати, дипломатијата се врати

Бајден: Америка се врати, дипломатијата се врати

Вашингтон, 4 февруари 2021 (МИА) - Реформирање на мускулите на НАТО и повторно градење доверба со сојузниците и партнерите, како и ангажман со противниците и соперниците преку силата на дипломатијата, беа пораките на американскиот претседател Џо Бајден во неговото обраќање во Стејт департментот. 

Околу ангажманот со противниците, тој прво ги спомена Русија и Кина. 

- Затоа вчера прифатив продолжување на договорот СТАРТ со Русија, што е добро и го прави светот побезбеден. Му кажав на (рускиот претседател Владмир) Путин дека не прифаќаме мешање во избори, хакерски напади, труење на нивни државјани, истакна Бајден. 

Тој додаде дека САД и сојузници се длабоко загрижени поради политички мотивираниот прогон на рускиот опозиционер Алексеј Навални.  

- Навални има права како и секој руски граѓанин, но е казнет поради тоа што открива корупција во високите владини редови, и бараме негово итно и безусловно ослободување, повика Бајден. 

Тој истакна дека САД ќе бараат решенија за царините воведни кон Кина од претходната администрација, но се прави оценка колкава е штетата и каква корист тие и носат на американската економија. 

Бајден порача дека во меѓународната заедница треба да се врати почитта кон САД. 

Во врската со климатските промени и пандмијата, тој повика на глобална соработка „бидејќи тоа е единствениот начин да одговориме на Ковид-19“. 

Други две надворешнополитички приоритети се окончување на поддршката на САД за офанзивни дејства во Јемен и запирање на конфликтот во земјата. Како и стопирање на распоредувањето на американските војници од Германија. 

- Оваа војна мора да заврши, истакна тој за Јемен и додаде дека САД ќе продолжат да ја заштитуваат Саудиска Арабија од иранските напади. 

Бајден им порача на сите дипломатски преставнции на САД дека е со нив и дека ја почитува нивната експертиза „да водат со пример“.

Тој уште еднаш порача дека „Америка се врати, дипломатијата се врати, да го ангажираме светот, ќе се спротивствиме на предизвиците со пандемијата, на климатските промени, и ќе застане во одбрана на човековите прва насекаде низ светот“. кб/ми/ 

Остани поврзан