• вторник, 24 декември 2024

Бајден: Американските напади во Јемен не ги запреа нападите на Хутите во Црвено Море

Бајден: Американските напади во Јемен не ги запреа нападите на Хутите во Црвено Море

Вашингтон, 19 јануари 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американските напади врз јеменските бунтовници Хути не ги запреле нивните акции во Црвеното Море.

На прашање на новинарите во Вашингтон дали американските напади имаа ефект, Бајден одговори негативно.

-Кога ќе кажете дали ги запираат Хутите - не. Но дали нападите ќе продолжат - да, рече американскиот претседател.

Јеменските бунтовници продолжија да ги напаѓаат бродовите во сопственост на САД, а Пентагон соопшти дека во нив не е забележана штета и нема повредени, јавува Би-Би-Си.

Пред тоа американските сили пет пати по ред ги бомбардираа позициите на бунтовниците, а Белата куќа соопшти дека во нив се уништени ракетите што Хутите сакале да ги лансираат кон Црвеното Море. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан