• сабота, 28 декември 2024

Баша: Агенцијата „Фич“ ја наведе Албанија како ризично место за инвестирање

Баша: Агенцијата „Фич“ ја наведе Албанија како ризично место за инвестирање
Тирана,10 јануари 2020 (МИА) - Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, изјави дека според влијателната меѓународна кредитна агенција „Фич“ за 2019 година, Албанија „станала уште поризично место за инвестирање“. - Според меѓународната агенција Фич, во 2019 година Албанија стана уште поризично место за инвестирање. Нашите шанси кои се потребни за привлекување инвестиции секојдневно се намалуваат. Во меѓувреме, меѓународната заедница е уморна од неуспесите на оваа Влада, напиша Баша на Фејсбук. Баша оценува дека за надминување на кризата потребна е „добро осмислена политика“. - Нашата земја има вистински луѓе и ресурси за да одат напред. Она што ни треба се сериозни, добро осмислени политики кои ќе ја запрат кризата и ќе и дадат на земјата платформа што и е потребна за да успее, наведува Баша. Претходно, по објавувањето на извештајот на „Фич“, загриженост изрази и шефот на државата Илир Мета. - Би сакал да изразам загриженост во врска со извештајот на престижната меѓународна агенција Фич за 2019 година, според кој Албанија е со полоша проценката на нивото на перцепција на инвеститорите, од 59,8 на 53,5 отсто,наведува Мета. Според него, ова се должи на длабоката политичка криза во земјата и додава дека итно треба да се обнови политичкиот дијалог меѓу партиите. вт/гт/

Остани поврзан