• среда, 25 декември 2024

Баша ќе формира нова партија Демократско огниште

Баша ќе формира нова партија Демократско огниште
Тирана, 3 јуни 2022(МИА) - Доскорешниот лидер на најголема албанска опозициска Демократската партија (ПД) Љуљзим Баша, ќе формира нова политичка партија, во што поддршка има од неговите симпатизери. Според извори блиски до Баша името на партијата " е предложено од Американците и ќе се вика „Демократско огниште“. - Се очекува во септември Баша да се врати од одмор што го минува со семејството и да почне вистинска битка. Се уште точно не се знае колку од демократските пратеници ќе го поддржат, но до сега се знае дека со него ќе бидат Алибеај, Табаку, Агалиу, Чолаку, Барди и Пампури, објавија албанските медиуми. Четириесет и осумгодишниот Баша на чело на партијата дојде по поразот на парламентарните избори на партијата во 2013 година, кога се повлече Сали Бериша. По големите несогласувања меѓу двајцата, откако по барање на американската амбасадорка, Јури Ким, тој го исклучи од парламентарната група и од сите партиски структури, Бериша, кој во мај минатата година, беше прогласен за „персона нон грата“ од САД, формира Комисија за обнова на ПД, по што партијата ја преживува најтешката криза. Неговите приврзаници го зазедоа седиштето на партијата и на гласање по принципот „еден член, еден глас“ Бериша повторно се прогласи за лидер на ПД. По оставката што на 21 март ја поднесе Баша, вршител на должноста претседател на ПД, е Енкелејд Алибеај, кого го признава и судот. Соопштувајќи ја одлуката за оставка тој рече дека „прави чекор назад за да даде можност ПД да се издигне по тешката криза во која се наоѓа“. - Не сакам да се задржувам на тоа што и како се случи, кој беше во право, а кој не. За жал, обидот да се задржи ПД обединета не успеа. Демократите и јас се соочивме со бројни обвиненија и денес ПД доживува длабока криза. Поради оваа причина и за да и помогнам на ПД да ги остави настрана поделбите, свесен за тежината што ја добив, поднесувам оставка од функцијата претседател. Го правам овој чекор за дадам можност ПД да се издигне по тешката криза во која се наоѓа, рече тогаш Баша. Тој додаде дека ќе „продолжи непрекинато и без двоумење да работи со крв и месо за заживување на Демократската партија“. Тој ужива голема поддршка од САД, чии високи претставници јасно ставија до знаење дека нема соработка со ПД доколку на чело на партијата дојде Бериша. Поради американската поддршка се шпекулираше дека токму Баша можно е да биде кандидат за нов шеф на државата. вт/ми/      

Остани поврзан