• среда, 25 декември 2024

Баша: Рама е непријател на Албанците и заложник на мафијата

Баша: Рама е непријател на Албанците и заложник на мафијата
Тирана, 27 октомври 2020 (МИА) – Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, го нарече премиерот Еди Рама непријател на Албанците. Додаде дека Рама си игра со животот на Албанците, и го обвини дека е заложник на мафијата. -Тој е заложник на мафијата и ја стави својата глава над животот на Албанците, или можеби од страв од напуштање на власта стана идентичен како диктаторите на Северна Африка, рече Баша. Тој му порача на Рама дека не може да избега од кризата во која ја втурна земјата, не може да се затскрие а ниту да измислува изговори или пропагандни шеги за да даде едноставен одговор зошто бројот на тестови за Ковид-19 не се зголемува. - Денеска исплати три милиони евра од државната каса за договор за двојни трошоци со ЈПП за патот на Арбр а немаш пари за заштитна опрема за здравствениот кадар и за тестови. Врвни домашни експерти во континуитет бараат да се прават од 2.000-2.500 тестови дневно а од тоа ништо, рече Баша. Повикувајќи се на инфектолози и епидемиолози, Баша рече дека, цели семејства не се тестирани што значи дека бројот на заразените на дневно ниво е дури неколкупати повисок од оној кој официјално се соопштува. вт/

Остани поврзан