• сабота, 23 ноември 2024

Баша за средбата Заев-Рама-Вучиќ: Тие не произведуваат ништо друго освен фотографии, итно да се направи меѓусебно признавање Косово-Србија

Баша за средбата Заев-Рама-Вучиќ: Тие не произведуваат ништо друго освен фотографии, итно да се направи меѓусебно признавање Косово-Србија
Тирана, 29 јули 2021 (МИА) - Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија (ПД),  Љуљзим Баша реагираше во врска со средбата во Скопје на македонскиот премиер Зоран Заев, неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописничката на МИА од Тирана. Баша вели дека „нивните брзи состаноци не произведуваат ништо ново освен фотографии“ и додава дека првиот чекор што треба да се преземе е меѓусебното признавање на Косово и Србија, а потоа да се продолжи со слободно движење во регионот. - Мислам дека состаноците се случуваат толку често, не знам што произведуваат друго освен фотографии. За да функционира слободното движење во регионот, мора да се работи итно за да се елиминира последната закана за мирот и стабилноста во регионот, а тоа е меѓусебното признавање на Косово и Србија. Слободното движење е цел и барање на сите процеси во кои се вклучени земјите од Западен Балкан, уште од процесот за европска интеграција и Берлинскиот процес. Значи, да се има желба да се излезе во овие жешки денови за да се сликаат не е големо изненадување за мене, нека не поштедат од клише филм, што се претвора во алиби за стагнацијата во земјата, оценува Баша. Тој посочи дека Демократската партија го поддржува дијалогот. - Ние како партија го поддржуваме дијалогот,  но не оставивме никаква дилема за крајот на овој дијалог. Среќни сме што САД и ЕУ се јасни кога станува збор за оваа цел, рече Баша. Инаку, албанските медуми отстапија широк простор за Економскиот форум што се одржа во Скопје, потпишувањето на меморандумите, изјавите на лидерите, како и нивниот став дека во „Отворен Балкан“ има место за сите земји од овој регион. вт/паг/

Остани поврзан