• сабота, 28 декември 2024

Бачовски: Почна исплата на зелената нафта, навремена е за есенската сеидба

Бачовски: Почна исплата на зелената нафта, навремена е за есенската сеидба
Прилеп, 30 септември 2022 (МИА) - Со симболично доделување на картичките за „зелена нафта“ на земјоделци во прилепските села Мало Коњари и Кадино Село, официјално започна исплатата на средствата за зелена нафта. За блиузу 50 000 земјоделци во земјава, од кои 1 600 во Прилепско, се одвоени вкупно околу 250 милиона денари. Никица Бачовски, директор на  Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој вели дека испалата е навремена за есенската сеидба. Со ова и со исплата на субвенцвиите за млекото, наскоро и за градинарските култури, се заокружуваат големите обврски за земјоделците за 2021 година. -Официјално денеска може да најавиме дека почна распределбата на популарната „зелена нафта“. Во прилепскиот регион се 1 600 корисници за кои се обезбедени 10,7 милиона денари. Ги повикувам сите земјоделци од понеделник да си ги подигнат картичките од Подрачната единица на Министерството за земјоделство. На ниво на државата се близу 50 000 земјоделци, корисници на оваа мерка, а за оваа субвенција која е 50 отсто од трошоците за гориво што ги имаат земјоделците се обезбедени над 250 милиона денари. Оваа неколкугодишна мерка е одличен механизам за покривање на влезните импути во земјоделството преку користењето на горивото за земјоделските работи. Деновиве започнавме со серија исплати за млекото и млечните производи. Беа исплатени од јануари до мај 2021, од наредната недела се и субвенциите за јуни и јули, а ќе останат август и септември за да ги финализираме сите три фази од 2021 година. За Прилепскиот регион се битни за градинарските култури. Исплатата ќе биде во текот на октомври и станува збор за дополнителните три денари за количествата кои се носат во откупните и преработувачките капацитети, изјави Бачовски. Фокусот сега ќе биде на мерките од интервентниот фонд за кој се обезбедени 500 милиони денари со ребалансот на буџетот. Тоа ќе донесе исплати и од оваа година. - Годинава за првпат почна имплементацијата на интервентниот фонд во кој има многу нови мерки, меѓу кои, порај субвенциите за вештачкото ѓубриво се и дополнителните субвенции за предадена зелка, слива, дополнителен денар за млекото и имаме обврска до крајот на годинава да се исплатат. Интервентниот фонд ветува брза исплата, а земјоделците не се оптоварени со документација, објаснува Бачовски. Директорот на Платежната агенција ја најави и новата мерка - авансна исплата за овоштарите. Тоа е пилот проект кој почна годинава. Во ноември се очекува исплатата на 30 отсто на сите кои аплицираа во август годинава. Зоран Пачешкоски, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство од Прилеп вели дека за 30 отсто ќе се зголемат површините со житни култури. Кон тоа е и големиот интерес на прилепските земјоделци за државно земјоделско земјиште. - За есенската сеидба во Прилепско ќе бидат ставени во функција дополнителни 2 600 хектари за што се потпишани договори со над 300 земјоделци за земање под концесија на државно земјоделско земјиште. Стимулираме житни култури, со зелена нафта и затоа очекуваме зголемени површини за 30 насто под житни култури. Беа 6 000 - 7 000, годинава очекуваме со житни култури да бидат над 10 000 хектари, вели Пачешкоски. Ѕвонко Ристески, земјоделец од прилепското село Мало Коњари кој ја доби картичката за „зелена нафта“ има 25 хектари со култури, од кои 15 со житни, 2,5 хектари со пченка, има тутун. Се согласува дека субвенциите помагаат многу, а може да се зголемат површините ако има добри откупни цени на производите. Признава дека чува 30 тони пченица и чека подобра цена. - Добро е со субвенциите. Пак ќе имам жито на 15 хектари. Може да се зголемат површините со култури, ако е добра цената..., вели Ристески. ем/дма/

Остани поврзан