• четврток, 26 декември 2024

Бачовски: Новиот објект на Платежната агенција долгорочно ќе го реши проблемот со недоволниот простор за работа

Бачовски: Новиот објект на Платежната агенција долгорочно ќе го реши проблемот со недоволниот простор за работа

Скопје, 26 декември 2023 (МИА) - Соодветните работни услови се важен акредитациски критериум за Платежната агенција која врши децетрализирано управување со ИПАРД средствата, рече денеска директорот на оваа институција Никица Бачовски пред презентацијата на проектот за модернизација на македонското земјоделство, поддржан од Светска банка. 

Една од компонентите на овој проект, како што информира Бачовски, е реновирањето и опремувањето простории на Платежната агенција, кои ќе бидат веднаш до веќе постоечкиот објект.

-Одреден период се соочуваме со недоволен простор за работа. Просторијата обезбедена со одлука на Влада е веднаш до нас. Се надеваме дека за кракто време ќе се реализираат сите предвидени фази. Првата се однесува на проектирањето на зградата и канцелариите, а втората на изведбата и соодветното опремување кое ќе се врши со асистенција на вработените во Агенцијата. Со ова, на долг рок ќе се реши проблемот што го има Платежната агенција и со соодветниот број вработени и со условите за работа кои се исклучително важни за нас, напомена Бачовски.

На презентацијата на проектот и увидот во новиот објект на Платежната агенција присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. мч/аа/

фото: принт скрин

 

Остани поврзан