• петок, 27 декември 2024

Бачев: „Не отворам врата“ достави Изјава за одговорност на леновите на Владата доколку спроведе попис во април

Бачев: „Не отворам врата“ достави Изјава за одговорност на леновите на Владата доколку спроведе попис во април
Скопје, 4 март 2021 Националниот Блок „Не отворам врата“ денес достави Изјава за одговорност на сите членови на владата доколку спроведе попис во април, со цел, доколку 32.000 теренски попишувачи и инструктори кои ќе вршат попишување во 80 општини во државата групирани во 50 пописни реони заразат било кого, тогаш членовите на владата лично да сносат морална, материјална и кривична одговорност. Ова е текстот на изјават цитирам: „Долупотпишаните членови на Владата, под морална, материјална и кривична одговорност изјавуваме дека 32.000 теренски попишувачи и инструктори кои ќе вршат попишување во 80 општини во државата групирани во 50 пописни реони, за време на пописот нема да заразат никого со коронавирусот при нивното влегување во домовите таму каде што ќе бидат пуштени да влезат и да вршат попишување на населението, становите и домаќинствата -завршен цитат“. Ова е уште чекор во насока власта да се вразуми и да го одложи живото-загрозувачкиот попис во април. Во земјата владее тешка здравствена состојба. Кризата со коронавирусот се шири со нови заболени, но и смртни случаи. Сега е најважно здравјето. Здравјето на народот не трпи политички калкулации. Одложување на пописот е единствен начин да го заштитиме народот. Впрочем, уставна обврска на секој граѓанин е да се грижи за сопственото и здравјето на другите. Во оваа насока, на 11 март 2020 година, Светската здравствена организација прогласи глобална пандемија на болеста КОВИД - 19 предизвикана од новиот коронавирус САРС-КоВ-2, а кое нешто Република Македонија како членка на СЗО е во обврска да го почитува. Во Македонија е прогласена кризна состојба заради заштита на јавното здравје, односно, справување со кризна состојба која претставува ризик по здравјето и животите на луѓето. Оттука, во услови на пандемија, посетата на т.н. попишувачи кои посетуваат бројни домови од својот пописен реон кој опфаќа повеќе општини е директна закана по здравјето земајќи предвид дека општо познато е како се пренесува вирусот. Ние, националните и патриотските сили во државата нема да прифатиме попис со кој се загрозува здравјето на народот, тоа не ви го прифаќа и македонскиот народ. За секој обид за загрозување на здравјето, одговорност мора да има. Потребен е попис со нула ризик за здравјето на народот“- потенцираше Бачев. Прес-конференција на Јанко Бачев, претседателот на Единствена Македонија, која е дел од Националниот Блок „Не отворам врата“ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан