• среда, 25 декември 2024

Бах се изјасни против принципот на „колективна вина“ на руските спортисти

Бах се изјасни против принципот на „колективна вина“ на руските спортисти

Лозана, 23 март 2023 (МИА) - Првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах изјави дека Олимписките игри треба да останат неутрални.

 

- Нашите принципи се јасни. Секоја активна поддршка за воена акција, вклучително и прикажување на симболот „Z“, е забранета. Кој и да го направи ова, не треба да учествува на натпреварот, но федерациите ќе одлучат за тоа, бидејќи ИОК може само да даде препорака, изјави Бах.

 

Во февруари 2022 година, ИОК препорача меѓународните спортски федерации да ги спречат руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат. Оваа година, ИОК се врати на разгледување на прашањето за учество на спортисти од Русија и Белорусија на меѓународни турнири.

 

Летните олимписки игри 2024 година ќе се одржат во Париз од 26 јули до 11 август 2024 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан