• четврток, 26 декември 2024

Бах: Неопходно е сите земји да учествуваат на Олимпијадата, вклучително и завојуваните, ако учествуваат само сојузничките земји, симболот на мирот од Игрите нема да функционира

Бах: Неопходно е сите земји да учествуваат на Олимпијадата, вклучително и завојуваните, ако учествуваат само сојузничките земји, симболот на мирот од Игрите нема да функционира
Лозана, 15 ноември 2022 (МИА) - Шефот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, ги повика лидерите на Г20 да вклучат клаузула за „спортска неутралност“ во заедничката изјава по самитот на Бали. - Олимписките игри одржани во Токио и Пекинг во екот на пандемијата му дадоа надеж на целиот свет. Олимпијадата може да го обедини целиот свет само ако на неа учествуваат спортисти од целиот свет. За разлика од другите конфликти меѓу државите во минатото, овој пат некои земји одлучија дека имаат право да одбијат спортисти да учествуваат на Олимписките игри поради политички причини. Ако спортот стане алатка за политичко влијание, тој целосно ќе се распадне. Самата суштина на спортот е дека одлуките треба да се носат само врз основа на спортски резултати, а не ништо друго. Неопходно е сите земји да учествуваат на Олимписките игри, вклучително - па дури и особено - оние во конфликт. Ако учествуваат само сојузничките земји, од Олимписките игри нема да има вистински симбол на мирот. Човештвото нема многу можности да се обедини. Ве молам вас, лидерите на Г-20, да го слушнете мојот повик за мир и да му дадете шанса. Вклучете ја вашата спортска неутралност во вашата заедничка изјава по самитот, рече Бах. Бах со ова порача да се дозволи настап на руските и белоруските спортисти кои добија забрана за учество од најголемиот број спортски федерации и сојузи поради конфликтот во Украина. зс/

Остани поврзан