• четврток, 26 декември 2024

Бах го критикуваше мешањето на политичарите во дискусијата за враќање на руски и белосруски спортисти на меѓунардоните натпревари

Бах го критикуваше мешањето на политичарите во дискусијата за враќање на руски и белосруски спортисти на меѓунардоните натпревари

Берлин, 12 февруари 2023 (МИА) - Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах го критикуваше мешањето на западните политичари во дискусијата за можниот прием на руски и белоруски спортисти на меѓународни натпревари. Според него, ваквите акции би доведоа до прекин на најголемите натпреварувања во нивната сегашна форма.

Томас Бах ја обвини Украина за кршење на Олимписката повелба.

- Не е на владите да одлучуваат кој има право да учествува во каков спорт, бидејќи во спротивно тоа би било крај на меѓународните натпревари, светските првенства и Олимписките игри какви што ги знаеме, изјави Бах за германскиот тв канал „N-tv“.

Првиот човек на ИОК додава: „Историјата ќе покаже кој прави повеќе за светот – оние кои се обидуваат да ги одржат границите отворени и да комуницираат, или оние кои сакаат да изолираат и поделат“.

На почетокот на овој месец, експертите на ОН го повикаа ИОК да се погрижи да нема дискриминација против руските и белоруските спортисти.

Сепак, 35 земји ќе побараат отстранување на Русија и Белорусија од учество на Олимпијадата во 2024 година. Меѓу противниците се САД, Велика Британија, Германија, Франција и Јапонија.

На 25 јануари, Извршниот одбор на МОК објави дека планира да размисли да дозволи спортистите кои не ја поддржуваат специјална воена операција (СВО) да се натпреваруваат во неутрален статус.

Олимпијадата во 2024 година ќе се одржи во Париз од 26 јули до 11 август 2024 година. зс/

Остани поврзан