• среда, 27 ноември 2024

Бахреин втор во светот издаде дозвола за вакцината на Фајзер

Бахреин втор во светот издаде дозвола за вакцината на Фајзер
Дубаи, 4 декември 2020 (МИА) – Кралството Бахреин е втора земја во светот што издаде дозвола за итна употреба на вакцината против Ковид-19 на Фајзер и БиоНТек. Дозволата е издадена по детална анализа на сите достапни податоци, јави денеска државната новинска агенција на Бахреин. Кралството не соопшти колку дози на вакцина се набавени ниту кога ќе почне вакцинацијата. Бахреин претходно издаде дозвола за итна употреба на кинеската вакцина што ја разви Синофарм. Вакцината што ја развија американската компанија Фајзер и германската компанија БиоНTек, прва во средата ја одобри Велика Британија. јт/

Остани поврзан