• петок, 27 декември 2024

БАФТА 2020: Британски филм на годината е „1917“

БАФТА 2020: Британски филм на годината е „1917“
Лондон, 3 февруари 2020 (МИА) - Филмот „1917“ на режисерот Сем Мендес, на синоќешното доделување на британските филмски награди БАФТА, победи во седум категории: за најдобар филм, најдобар британски филм, режисер, кинематографија, звук, продукциски дизајн и визуелни ефекти. А, беше номиниран и за оригинална музика и за шминка. Според Британската академија за филмски и телевизиски уметности, најдобар глумец е Хоакин Феникс за насловната улога во „Џокер“. Најдобра глумица е Рене Зелвегер за улогата на Џуди Гарланд во биографскиот филм „Џуди“. Наградите за машка и женска споредна улога отидоа кај Бред Пит („Си беше еднаш во Холивуд“) и Лора Дерн („Брачна приказна“). Најдоброто оригинално сценарио го има јужнокорејскиот „Паразит“, што е прогласен и за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Најдоброто преработено сценарио го има „Џоџо зајачето“. Најдобар документарец е британскиот „За Сама“. Англискиот глумец Енди Серкис ја доби специјалната награда за особен придонес кон филмската уметност. си/сд/

Остани поврзан